Свечена заклетва на 19-та генерација питомци

Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје денес свечена заклетва дадоа од 19.генерација 37 питомци и 9 студенти, од кои тројца се од Босна и Херцеговина, тројца од Црна Гора и двајца од Косово.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој заедно со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски и претседателот на собраниската Комисија за одбрана и безбедност Емил Димитриев присуствуваше на свечената заклетва посакувајќи им успех на питомците, и нагласи дека тие во изминатиот период покажале дека се најдобри меѓу најдобрите.

– На Воената кадемија имате неповторлива можност да стекнете традиционални, но и најсовремени воени знаења и вештини, да се оспособите за критичко  размислување. Вашите високи знаења и лидерски способности, креативност и храброст им се потребни на националните вооружени и безбедносни сили на Република Македонија, на БиХ, Црна Гора и Косово, рече меѓу другото во обраќањето министерот Јолевски и додаде оти сето тоа и нивните мењѓусебни пријателства се влог за висока меѓусебна доверба и блиска воена соработка на вооружените сили од регионот.

Јолевски најави дека почнува интензивен процес на трансформација на Воената академија во Универзитет за национална безбедност и одбрана, на кој дел од предметите ќе се слушаат и на англиски јазик, а питомците ќе имаат можност еден семестар да поминат на еден од највисоко рангираните во земјите-членки на НАТО и во САД.

bih

Во името на 15. класа потпоручници говореше прворангирана потпоручник Симона Наумова, која истакна дека изминатите четири години биле долги поради искушенијата, терените и будењето рано наутро, но кратки, истакна, бидејќи создадовме доживотни пријателства и трајни сеќавања.

– Првите офицерски ѕвезди на нашите рамења им ги посветуваме на нашите предци и херои, кои се бореа за да можеме да се школуваме во слободна и независна Македонија, рече потпоручник Наумова и им се заблагодари на професорите и командирите кои, како што рече, воспитале и образувале уште една генерација, која чесно, одговорно и достоинствено ќе се носи со сите предизвици и побарувања од соверемениот офицер.

zakletvaa1

Второрангирана беше потпоручник Мериса Биберовиќ, додека потпоручник Борис Бошковиќ од Црна Гора беше треторангираниот од 15.генерација.

– За овие четири години кои ги поминавме тука на Воената академија поминавме секакви ситуации, но после сето тоа е многу убаво чувстовот кога ќе дојде ден да се промовираме сите заедно, изјави потпоручник Борис Бошковиќ од Црна Гора и истакна дека стекнатите знаења ќе ги применат во нивните армии. Тој информира дека од февруари идната година же им се приклучи и на колегите од групата за авијација во Центарот во Скопје.

Емис Демири, питомец од Призрен, Косово, изјави дека сака да биде добар офицер за потребите на косовските безбедносни сили, како и да има подобра соработка во регионот.

Деканот на Воената академија, полковник Орце Поповски честитајќи им на питомците им порача дека пред себе треба да имаат единствена цел – да станат одлични офицери и почитувани лидери.