среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 14

Свечено отворање на фестивалот „Оро без граници“

ДКЦ „Карпош“ ќе биде домаќин на фестивалот на кој ќе учествуваат детски фолклорни ансамбли од Русија, Украина, Србија, како и домашните ансамбли: Фолклорно студио „Блажевски“, КУД „Орце Николов“, КУД „Етнос“, КУД „Илинден“-Битола, ансамбл „Македонија“ и фолклорната група од ДКЦ.

oro

Последни вести

ЈУ Детски културен центар „Карпош“-Скопје во соработка со Град Скопје и Министерството за култура на Р.Македонија и годинава по дваесетипетти пат го организира и реализира најмасовниот Меѓународен детски фолклорен фестивал „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“ 2016, кој  годинава се одржува од 29.09 до 02.10 2016 година, на кој ќе учествуваат детски фолклорни ансамбли од странство и од Македонија.

ДКЦ „Карпош“ ќе биде домаќин на фестивалот  на кој ќе учествуваат детски фолклорни ансамбли од Русија, Украина, Србија, како и домашните ансамбли: Фолклорно студио „Блажевски“, КУД „Орце Николов“, КУД „Етнос“, КУД „Илинден“-Битола,  ансамбл „Македонија“  и фолклорната група од ДКЦ.

Денеска (петок) во 18,30 часот на платото кај споменикот на Гоце Делчев во Градски парк ќе биде свеченото отворање на фестивалот „Оро без граници“ 2016, а на 01.10.2016 г. (сабота)  во 18 часот на истото место ќе биде и затворањето на Фестивалот со настап на гостите и на домашните фолклорни ансамбли.

 

 

 

 

Најчитани вести