Свечен пречек на ракометарките на аеродромот

По огромниот успех на Final 4 турнирот во Будимпешта каде нашите ракометарки го освоија
третото место во Европа и го испишаа името на Вардар во ракометната историја на Европа, се организира свечен пречек на нашите шампиони на аеродромот Александар Велики.

Ракометарките од Будимпешта пристигнуваат во 14 часот.

Организаторите повикуваат на големо присуство за да покажеме колку сме горди на нивниот успех!