Свечен прием за учесниците во Балканската конференција на збратимени градови

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски одржа средба и прием со учесниците на Балканската конференција на збратимени градови во Министерството за надворешни работи

На приемот покрај учесниците во Балканската конференција на збратимени градови, присуствуваа и министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Поповски, Претседателот на Корпорацијата на збратимени градови на Темпи, Ричард Њухајзел, Претседателот и Извршениот директор на Систер ситиес интернејшенл, Мери Кејн, Претседателот на Бордот на Систер ситис интернејшенл, Томас Лиск, членови на советот на Град Скопје, како и претставници од Владата на Република и единиците на локалната самоуправа.

Градоначалникот Трајановски на гостите им посака добредојде и изрази надеж дека истите ќе имаат убав престој во Скопје, како и успешна и плодна работа на конференцијата.