Свечен собир по повод 70 години од објавувањето на македонскиот правопис

Во организација на Македонската академија на науките и уметностите, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, денеска во МАНУ ќе се одржи свечен собир по повод 70-годишнината од објавувањето на македонскиот правопис.

Поздравни обраќања ќе имаат претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски, в.д. директорот на  Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ проф. Елена Јованова-Грујовска и деканот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ проф. Славица Велева.

Излагање на тема „Современиот македонски литературен јазик“ на собирот ќе има академик Блаже Ристовски. Професорката од  Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елка Јачева-Улчар ќе говори „За потребата од подновувањето на правописот на македонскиот јазик“, а на тема „За македонската современа азбука и современиот правопис на македонскиот јазик“ ќе зборува проф. Људмил Спасов од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.