Свечена академија за 70 години од АСНОМ

По повод 70 годишнината од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ – 2 Август 1944 година, денеска во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе се одржи свечена академија.

На свечената академија ќе се обрати претседателот на МАНУ Владо Камбовски, а за АСНОМ како триумф на вековната борба ќе говори претседателот на Градскиот одбор на Сојузот на борците на Македонија Трајко Стаматоски.

Академик Иван Катарџиев на свечената академија ќе зборува на темата АСНОМ – 70 години државност.

Свечената академија заеднички ја организираат МАНУ и Сојузот на борците на Македонија.