Свечена Светосавска академија во МНТ

Во Македонскиот народен театар вечер од 19 часот ќе се одржи Свечена Светосавска академија по повод националниот празник на Србите во Македонија  и Денот на свети Сава.

На Академијата ќе гостуваат Дивна Љубојевиќ и етногрупата „Мелоди“ со концерт „Хоризонтите на православието“, Белградско народно позориште ќе настапи со „Кога свети Сава одел по земјата“, браќа Теофиловиќ ќе изведат српски духовни пасторали, а Државниот ансамбл „Венец“ од Грачаница ќе се претстави со песни и игри од Косово и Метохија.

Денот на свети Сава, 27 јануари, е неработен за Србите во Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.