Свечено дефиле во касарната „Илинден“ за Денот на победата над фашизмот

Во скопската касарна „Илинден“ денеска ќе се одржи свеченост по повод 9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот.

На свеченоста ќе присуствуваат претседателот на Република Македонија и Врховен командант Ѓорге Иванов, началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски, активните и пензионираните генерали на АРМ, високи претставници на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, воени аташеа акредитирани во Република Македонија, борци од Народно-ослободителната борба, командантите на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ и други високи гости.

На свеченоста по повод Денот на победата над фашизмот, во касарната „Илинден“ ќе се обрати претседателот Иванов, а ќе се изведе и свечено дефиле. Покрај дефилето, ќе биде изложен дел од опремата, борбените средства и системи и материјално-техничките средства кои ги поседува АРМ.