Свечено отварање на литературната манифестација „Илинден 2015“

Литературната манифестација, Илинден 2015  свечено ќе се отвори утре во просториите во Домот на култура ,,Илинден’’. Со почеток од 19 часот, свое обраќање ќе има Градоначаникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, како и Раде Силјан, но и дел од учесниците кои го даваат својот придонес кон издигнувањето на културните вредности кај нас.

Програмата на Литературната Манифестација, Илинден, 2015 година, започнува утре, со почеток од 12 часот, со средба на писателот Стојан Тарапуза, по повод изборот од неговата поезија под наслов ,,Од изгрев до залез”.

Свеченото отворање ќе се одржи во 19 часот, а веднаш потоа ќе се отвори изложбата на академскиот сликар Васка Дудин. Ќе се случува и портерт на Гордана Михаилова Бошњаковска и промоција на нејзината книга ,,Слики”.

Програмата ќе продолжи со музички колаж од Пламенка Трајковска, трио.