Свечено отворање на Градската плажа „Парк“ в среда

Градската Плажа „Парк“, која се наоѓа на кејот на Вардар во делот кај Градскиот парк,  од среда ќе почне да работи со сосема нов концепт и изменет изглед.

„Долго време се работеше на плажата, на нејзината конструкција, но и на начинот на кој ќе функционира ова летно катче каде што скопјани ќе можат секојдневно да уживаат во спортско-рекреативни активности како и во различна музичка програм“, велат од тимот кој стои зад Градска Плажа „Парк“, пишува МИА.

Свеченото отварање е во среда  во 20 часот, влезот е бесплатен.

Од менаџерскиот тим на плажата посочуваат дека е планирано еднаш месечно да се одржува по еден поголем настан со познати музички имиња од странство, а од понеделник до недела секојдневно се планирани различни тематски забави.