Свечено отворање на „Младост – лудост“ во Градскиот парк!

Младоста носи лудост, а каде се младите таму е и забавата. Затоа се создава еден сосема нов концепт на дискотека во градот, работничкото одмаралиште „Младост Лудост“ во Градскиот Парк.

Новото диско се наоѓа на поранешната локација на „Колосеум“, односно во делот со базенот веднаш до ноќниот клуб „ХЛ“.
Сопствениците ветуваат секојдневни забави со живи свирки на многу познати македонски бендови, а и тематски забави со диџеи.

„Младост Лудост“ ќе отвора во 00:00, а посетителите ќе може да се забавуваат до раните утрински часови.
Свеченото отварање е овој четврток.

Бидете дел од работничкото одмаралиште кое е спој на младоста, лудоста и добриот ноќен живот.