Свечено отворање на Парламентарниот институт во Собранието

Во Собранието на Република Македонија денеска свечено ќе биде отворен Парламентарниот институт.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски и амбасадорот на Швајцарската Конфедерација, Стефано Лазарото по тој повод ќе одржат прес-конференција, по што ќе следува разгледуање на просторот на Парламентарниот институт и запознавање со неговата работа.