Сведоци на одбраната даваа искази за „Дива населба“

На денешното судско рочиште за случајот „Дива населба“ во Врховниот суд во Скопје сведочеа седумина сведоци предложени од одбраната на обвинетите. Роднини, соседи и пријатели на обвинетите зборуваа за денот пред судирот на полицијата со терористите во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година.

Првиот сведок, кој е вработен во МВР, во исказот даден по барање на обвинетиот Арсим Бајрами, бидејќи биле колеги, рече дека утрото на 9 мај го видел обвинетиот Бајрами во селото Речица. Бајрами му рекол дека оди кон полициската станица бидејќи го повикале, а инаку бил на боледување. Обвинетиот Бајрами завршил Факултет за јавна администрација на Државниот тетовски универзитет, а работел како полицаец во МВР.

Судењето за „Дива населба“ треба да продолжи во петок, кога 37-мина обвинети за тероризам во овој случај за прв пат ќе дадат исказ пред судот.

На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската „Дива населба“ вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.