Сведоштво на седумгодишната Сејлор, единствена преживеана во авионската несреќа во Кентаки

Седумгодишната Сејлор Гуцлер е единствената која го преживеа падот на малиот авион во Кентаки и движејќи се низ шумата успејала да пронајде помош.

Сејлор е единствената која го преживеа падот на малиот авион, кога животите ги загубија нејзините родители, сестра и братучедка.

sejlor_2Храброто девојче успеало да се извлече од уништениот авион, запалило гранка од огнот на авионот и почнало да се движи низ шумата иако било тешко повредено.

Тоа се движело низ шумата се додека не наишло на куќа, каде тропнало на вратата и рекло:

„Мајка ми и татко ми се мртви, се случи авионска несреќа. Моѓе ли да останам кај вас?“, прашала Сејлор која имала повеќе гребнатини и скршена рака.

– Бевме шокирани од нејзината смиреност. Таа беше крвава и цела со рани, а на нозете имаше само една чорапа, наведува жената на чија врата затропало девојчето.