Сведоштво за криминал за струмички „Глобал“

Бизнисменот Мики Наумов открива нови детали како лидерот на СДСМ оперирал во Струмица.

Сведочи и како се правел криминалот за објектот „Глобал“. Околу 700.000 евра профит, открива тој, имаа Заеви од „Глобал“, објавува ТВ „Алфа“.

Со криминални активности за кратко време Заев стана милионер, тврди штипскиот бизнисмен. Мики Наумов открива нови детали како лидерот на СДСМ оперирал во Струмица. Сведочи и како се правел криминалот за „Глобал“. Околу 700.000 евра профит, открива тој, имаа Заеви од „Глобал“.

Според него, прво бил купен дуќан во сопственост на струмичката фирма во стечај „Треска“, за сума од 100.000 евра. Потоа на тоа место се гради трговскиот центар и Заеви добиваат место кое постигнува цена од 450.000 евра. Му било понудено и на Наумов да биде дел од криминалната зделка. Тој, инаку вели дека долго време го познава струмичкиот градоначалник и тврди дека бил сведок како се прават матни зделки.

– Следам го неговиот развој. Зашто јас во Струмица и други работи работев. Втора работа е што многу добро изиграа, они се’ работат со Горан Крстев, се’ заедно работат. Горан Крстев има фирма „Јавор шпед“ и „Де лукс – инжењеринг“ и парите ги уложува Горан, после делат. Али за многу кратко време, со изградбата на „Глобал“ многу добро ја изиграа, без тендери без ништо, беа ова, без она.  Там е Зоки градоначалник има советници околу него…а целото земјиште ни беше купено, имаше проблеми со денационализација и се’ живо. Значи, огромни проблеми имаше…денеска мислам дека и тие имотни листови ги нема. Али пошо имаше там дуќани од привремен карактер и сета тие шо се приватна сопственост нема проблем. И ми кажува, горе-доле некаде…мислам дека или Горан или брат му на Зоки Заев го купува за 100.000 евра, просто. Али потоа, прави замена, значи со фирмата што го гради „Глобал“ за 100 квадрата добива 150 квадрата во новиот веќе деловен простор на приземје … и нормално пошо станува збор за на Зоки Заев брат му се дава најубавиот дел шо е на ќошот на семафорите. И мислам дека тоа некаде одма го продадоа за околу 450.000 евра, така да од таа зделка од таа зделка сигурно имат околу 300.000-350.000 илјади евра брат му на Зоран Заев т.е. Зоран Заев, вели Наумов.

Присетувајќи на зделките кои ги правеле браќата Заеви, Наумов раскажува како братот на струмичкиот градоначалник купува дуќан повторно на местото каде што треба да се гради „Глобал“. За кратко време вели тој  нивниот профит од 350.000 евра се зголемува на 700.000 евра.

– Трет случај, шо исто така сум 100 отсто сигурен…имаше таму дуќани, привремен дуќан, шо припаѓаше на фирма на „Дојранско езеро“ во стечај. Тој го купи „Жикол“, исто така за ефтини пари, и после мислам дека „Жикол“ пак го продаде за ефтини пари на Зоран Заев, на брат му или на Горан или нивен човек стават про-форма дека е, ама у суштина они се. И па исто за 100 квадрата …таков беше договорот со сите, ако имате дуќан од 100 квадрата добивате 150 на приземје или 200 квадрата на први кат. Али, Зоран Заев и брат му се паметни, они не одбират на први спрат, они одбират доле на најубавиот дел и тоа шо постигнува најубава цена. И таму мислам дека треба да се виде точно у катастер, ногу лесно историјатот го т’рсе да се провере, на кое име гласе дуќано и за која цена се продаде…ќе вијте дека се створува голем разлика. И тука пак на Зоран Заев брат му или Горан Крстев или Заев они се таа компанија истио дуќан пак го продава, значи зимат го околу 150 продават го за 450.000 евра. Значи 300.000 евра. За ногу кратко време они доваѓат до капитал од 700.000 евра, додава Наумов за Алфа.

Токму за случајот „Глобал“ Заев е аболициран од Црвенковски.

Инаку Наумов пред камерата на ТВ „Алфа“ раскажа како дека само два дена откако Заев бил избран за градоначалник  му дал мито од 39.000 евра за да му заврши работа за одобрение за градба.

Ова не е прв ваков случај. Само пред неколку  дена на „ЈуТјуб“ интернет каналот се појави снимка од која се гледа дека Заев бара мито од 200.000 евра.