среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 33

Сведоштва на спасувачите во поплавите: Немаше време за броење, гледавме да спасиме што повеќе луѓе

spasuvac2

Поврзани вести

Се мобилизиравме и со осум возила дојдовме тука, лично ги координирав работите. Пристапот беше многу тежок. Улицата беше до половина метар полна со вода, а страничните улични метар и повеќе, раскажува воено лице кое било задолжено за спасување на влезот на Арачиново, за време на ноќта по невремето во кое загинаа 22 лица.

Тој во документарниот филм на ТВ Нова објасни дека се обиделе да извршат евакуација со теренски возила, но не било возможно, па затоа со чамец од пожарна кој го управувале негови колеги од ЕБР започнале да вршат евакуација до попристапните места.

-Потоа дојдоа колеги со дефендери. Извлековме некаде околу 300 луѓе само во овој простор. Немаше време за броење, гледавме да спасиме што повеќе луѓе. Имавме ситуација кога помина возило на пајак службата и него го ангажиравме зашто беше повисоко. Бевме изложени на опасност да се заглават нашите возила, но тоа не беше важно, раскажува еден од хероите на поплавите.

Најчитани вести