Сведоштво на човекот што се спротивстави на напаѓачот во метрото во Лондон

Напаѓачот со мачета имал „налудничав поглед“ според патникот херој што бил повреден додека им овозможил на другите да побегнат. Таткото на едно дете Дејвид Петерс (33) се соочил со напаѓачот што со мачета изврши напади во метро во Источен Лондон извикувајчи: Ова е за Сирија, пренесува британски „Сан“.

Осомничениот го прободел и го исекол 56-годишниот музичар кој бил во метрото,  во пределот раката и во вратот со мачета. Напаѓачот бил приведен од полицијата.

Еден Лондонец за кого се верува дека е муслиман рекол:

Ти не си Муслиман, ти си срам!

Дејвид бил пресечен во близина на душникот. Тој се соочил со напаѓачот откако пристигнал на станицата околу 19 часот, се обидел да си замине откако видел дека има крв насекаде, но сепак се вратил назад заедно со уште еден човек откако видел дека напаѓачот се свртел кон една жена со деца во близина.

metro-london-1

Да бидам искрен ми изгледаше како да е лудо, имаше налудничав поглед во очите. Имаше еден човек со ранец што му велеше да се смири и видов дека тој ќе се смири. Всушност успеавме да го совладаме во билетарата. Тој ме нападна и јас му се спротивставив и така ме пресече на вратот. Ме повлекоа, затоа што крварев. Знам дека звичи лудо, но се вратив повторно за да му се спротивставам. Да бидам искрен, се уплашив, но во исто време сакав да го убијам. Тогаш се појави полицијата, вели Дејвид.

Инаку нападот со мачета во лондонското метро, британската полиција го третира како терористички акт. Осомничениот за нападот во метро во Велика Британија, Мухадидин Мире (29) денес треба да се појави во суд со обвинение за обид за убство.