Шведска донација за Клиничката болница во Битола

Клиничката болница во Битола денеска доби донација од Хуманитарната организација за помош исолидарност од Шведска. Донацијата се состои од медицинска опрема и матријали.

Директорот на медицинскиот центар „Д-р Трифун Пановски“-Битола, Василе Најдовски информира дека станува збор за медицинска опрема и помагала како дел од континуираната соработка меѓу битолската Клиничка болница и пријателите што ги има овој регионален здравствен центар во Шведска.

– Донацијата е разновидна и притоа добивме кревети, душеци, медицински помагала, електрични колички и две анестезиолошки машини за респирација, истакна Најдовски на денешната прес конференција во Клиничка болница-Битола.

Хумантарната организација за помош и солидарност донира во 25 држави во светот и, како што истакна нејзиниот претставник Ларс Шуберк, желбата за поддршка на граѓаните во Македонија ќе продолж. Очекуваат институционално олеснување на постапката и процедурите при доделување на хуманитарна помош од Шведска во Македонија.