Шведска извлече бод против Данска

Шведска извлече бод против Данска
Шведска извлече бод против Данска
Репрезентацијата на Шведска успеа да одигра нерешено во дуелот со Данска за комплетирање на второто коло во групата 2 на Европското првенство во Полска.

Синоќа во Вроцлав, Данска беше пред нова победа со која ќе го обезбедеше полуфиналето, но Шведска во последните две минути постигна три голови и негативата од 25:28 ја претвори во вреден бод и нерешен резултат 28:28.

Решавачкиот гол го даде Матијас Захарсон на осум секунди пред крајот.

На првиот натпревар од вчерашната програма од групата 2 Шпанија ја победи Унгарија со 31:29.

Табела: Данска 7 бодови, Германија 6, Шпанија 6, Русија 3, Шведска 2, Унгарија 0.