Шведска ја продолжи контролата на границите

Владата на Шведска ја продолжи за еден месец, до 8 февруари, времената контрола на границите на земјата, пренесува МИА.

Скандинавската држава повторно воведе гранична контрола во ноември и неколку пати ја продолжуваше во обид да го спречи приливот на мигранти, кои влегуваат во земјата од Данска и Германија.

Во Шведска минатата година пристигнаа над 160 илјади лица, кои бараат азил.

Земјите-членки на ЕУ имаат право да воведат времена контрола на внатрешните граници во услови на закана за јавниот ред и безбедност.