Шведска: Мрачната страна на ветената земја

Шведска: Мрачната страна на ветената земја
Шведска: Мрачната страна на ветената земја

Шведската доселничка политика е веројатно меѓу најдарежливите во светот, но има и друга страна- поразителна статистика на интеграција на доселениците во работна сила.

Слабото вработување на доселениците, поттикнало создавање етничка пониска класа и во прашање ја доведе отвореноста на шведскиот ум кон странците и јакнење на крајната десница.

Извештајпт на Организацијата за економска соработка и развој од 2013 година, вели дека стапката на невработеност на шведските државјани родени во странство е трипати поголема во споредба со оние кои се родени во Шведска. Слично е и во Норвешка, Данска и Финска.svedska1

Шведска и другите скандинавски земји со години се цел на илјадници бегалци поради својата традиционална отвореност, јаката економија, сигурност и социјална заштита.
На сиријските бегалци Шведска автоматски им дава сместување и прифаќа повеќе азиланти по глава на жител од која било друга европска земја.

Околку 15 отсто од Швеѓаните се родени во странство, двојно повеќе од европскиот просек. Истовремено, нееднаквоста расте побрзо отколку во другите развиени земји.

Тоа и помага на крајната десница да биде уште погласна, бидејќи нејзиниот аргумент за загрозеност на работните места и толку драгоцената социјална стабилност паѓа на плодно тло.

Дискриминација, бироратија, синдикати и строгите закони за работа го отежнуваат вработувањето на евтината работна сила, и во комбинација со потешкотиите во учењето на шведскиот јазик, придонесува за неуспешна интеграција.

Швеѓаните се шегуваат дека имаат најобразовани таксисти на светот. Неретко ги воза инжењери од Ирак и од други земји.