Шведска повторно ќе ги проверува патните исправи на границите

Шведска донесе одлука повторно да воведе проверка на патните исправи на сите граѓани што влегуваат во оваа скандинавска земја со цел да се намали приливот на мигранти.

Од 4-ти јануари следната година компаниите за автобуски, железнички и превоз со траект ќе бидат задолжени за проверка на патните исправи и идентификацијата на патниците, но сеуште не е познато кому ќе му биде дозволено да ја премине границата.

Парламентот го усвои нацрт-законот што го предложи Социјалдемократската партија со поддршка на екстремно десничарските шведски демократи.

До крајот на ноември во Шведска влегле речиси 150.000 мигранти, двојно повеќе од минатата година. Минатиот месец оваа скандинавска земја ги заостри политиките за азил, го укина правото на постојан престој за одделни групи и го ограничи правото на соединување на семејствата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.