Шведска: Пожар во центар за сместување бегалци

Пожарот избувнал во општината Мункедал, на западното крајбрежје на Шведска. Пожарот бил пријавен во раните утрински часови.

Причината за пожарот се уште е непозната, но полицијата го изолирала местото и настанот го истражува како намерен пожар.

Распределбата на азилантите ќе се чува во тајност

Инаку, како што вчера објави весникот „Локал“ шведските власти поради честите напади врз прифатлиштата за бегалци сеуште го чуваат во тајност планот за распоредување на 150 азиланти во северниот град Умеа. Како што наведува весникот, оваа одлука била донесена по серијата подметнати пожари во државата.

Евидентно е засиленото присуство на полицијата во прифатните центри во Шведка откако претходно три згради наменети за сместување бегалци биле опожарени во само една недела.

Полицијата сеуште ги истражува причините за пожарот во трите споменати центри, но се претпоставува дека најверојатно станува збор за подметнати пожари.