петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 75

Шведска: Вратена школарина поради лошо образование

Пресудата е донесена во корист на Кони Аскенбак, кој од 2011 до 2013 година ја посетуваше програмата на Маралдален универзитетот, за која тврди дека „нема практична примена“.

Шведска: Вратена школарина поради лошо образование

Шведска: Вратена школарина поради лошо образование

Последни вести

Судот во Стокхолм денеска нареди Маралдален универзитетот да и ги рефундира трошоците на студентка од САД поради лошо образование од областа на економијата.

Пресудата е донесена во корист на Кони Аскенбак, кој од 2011 до 2013 година ја посетуваше програмата на Маралдален универзитетот, за која тврди дека „нема практична примена“.

Во образложението на судот се наведува дека шведските власти надлежни за квалитетот на образованието во 2011 година лошо ја оцениле двогодишната програма на Маралдален универзитетот.

На американската студентка треба да и се исплатат 20.544 долари, колку што ја платила школарината и да се пресмета камата.

Претставник на Маралдален универзитетот изјави дека „ќе се разгледа значењето на пресудата“.

Најчитани вести