Шведска забранува плаќање со готовина

Како прва во Европа која ги вовела банкнотите во службена употреба, Шведска е на добар пат да стане првата земја во светот која од употреба ќе ја исфрли готовината.

Одлуката на шведските банки да го забранат плаќањето во готово, како и укинувањето на банкоматите во руралните средини предизвика огорченост кај граѓаните.

Банките пријавуваат во полиција граѓани кои не ги почитуваат нивните правила и користат огромни суми готовина.

Според тамошните медиуми, Шведска наскоро би можела во потполност да го забрани плаќањето со готовина, бидејќи инсистира да воведе исклучиво плаќање по електронски пат.

Помалку пари значи и помалку вооружени грабежи. Воедно помал оптек на готовина е од помош и за државната благајна. Поради сето ова банките во земјата во полиција ги пријавуваат граѓаните кои користат огромни суми на готовина бидејќи се сомневаат дека станува збор за терористи или криминалци.

Однесувањето на банкарите предизвикало револт кај повозрасните Швеѓани, бидејќи во руралните средини се отстранети и банкоматите. Има граѓани кои се незадоволни бидејќи сметаат дека во случај на финансиска криза нема да можат да ги повлечат парите од банка, што значи дека ќе мораат или да ги трошат или да и ги остават на располагање на банката.