Шведски демократи со реклами против мигрантите

Шведски демократи со реклами против мигрантите
Шведски демократи со реклами против мигрантите

Антиимигрантската партија Шведски демократи соопшти дека ќе почне рекламна кампања во странските медиуми, за да ги откаже мигрантите да доаѓаат во Шведска.

Шведски демократи се трета по големина во Шведска по изборите од 2014 година дека ќе објави платени реклами во Јордан, во Либан и во Турција, каде илјадници бегалци живеат во кампови.

Можно е партијата да закупи и рекламен простор и во печатените и во електронските медиуми во Германија и Данска, земји преку кои бегалците транзитираат кон Шведска.

– Нема да има подобра иднинa во Шведска. Тука имаме кампови со шатори. Времето во Шведска е студено и паѓа снег, има недостиг на ресурси како за нашето население, така и за луѓето кои доаѓаат тука – изјави портпаролката на Шведски демократи Паула Билер.

Шведски демократи имaат за цел да го намалат бројот на мигранти на повеќе од 90 проценти.