Шведскиот премиер направи реконструкција на владата за да избегне предвремени избори

Шведскиот премиер Стефан Лофвен во четврток направи реконструкција на својата малцинска влада на левицата и зелените поради скандалот околу користењето надворешни ИТ услуги, со што ја избегна опцијата за предвремени парламентарни избори.

Соочен со политичката криза поради истекување чувствителни податоци во рамките на договорот за користње странски ИТ услуги, шведскиот премиер Стефен Лофвен се реши да замени двајца министри во владата наместо да се одржат предвремени избори една година пред регуларните.

„Морам да ја преземем одговорноста за државата. На Шведска нема да ѝ користи политичата криза“, порача Лофвен на прес-конференција, споменувајќи многу предизвици со коишто Шведска и Европската унија се соочуваат, вклучително и британското истапување.

Објави дека двајцата министри вклучени во скандалот си поднеле оставки. Станува збор за министерот за внатрешни рабпти Андерс Игеман и министерката за инфраструктура Ана Јохансон. За разлика од нив, министерот за одбрана Петер Јултквист останува на должноста.

Опозициските партии бараат гласање за доверба за сите тројца споменати министри. Тие ги обвинуваат дека во 2015 година со доделувањето на ИТ услугите на компанијата ИБМ Шведска за работењето на Шедската сообраќајна агенција заобиколиле некои од законите и интерни процедури, поради што во опасност биле доведени чувствителни податоци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.