Швеѓаните го скратија работното време

Експериментот со скратено работно време, кој во април 2014. година го започна Владата на Гетебург даде позитивни резултати. Имено, во еден старечки дом одлучено е работното време да се скрати од осум на шест часа дневно, а притоа работниците да ја задржат истата плата.

Целта на ова било да се намали бројот на боледувањата, а истовремено да се поттикне продуктивноста за да се заштеди државниот буџет.

Кога е забележано дека задоволните работници подобро ги негуваат старите лица, овој модел го преземале и некои други установи.

Експериментот покажал дека работниците поради помалку работа имаат поквалитетен приватен живот, што им овозможува повеќе да допринесуваат за работата, а дома да водат подобра грижа за своето семејство.

-Некогаш постојано бев исрпена. Ќе дојдев дома и мислев дека ќе се онесвестам на софата. А сега имам многу повеќе енергија и елан како за работата, така и за семејниот живот, рекла една од медицинските сестри кои учествувале во експериментот.

Интересно е и дека и други компании започнале да спроведуваат слични тестови поврзани со работното време, а резултатите исто така биле добри.