Швеѓанка ограбена во близина на МВР

Непознато лице вчера попладне извршило разбојништво над 32 годишната В.Х.Ј.К. од Шведска.

Инцидентот се случил на ул. „50-та Дивизија“ во близина на МВР, кога на жената и бил одземен мобилниот телефон.

-Додека истата седела на клупа и пришло непознатото лице, ја фатило за рамото и го одзел мобилниот телефон, по што побегнал, информираат од полицијата.

СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.