Свеќи пред македонската амбасада во Србија за загинатите полицајци во Куманово

Пред македонската амбасада во Белград денеска, членовите на организација „Заветници“запалија свеќи во чест на загинатите македонски полицајци во Куманово, пренесе Рускизбор.

Портпаролката на „Заветници“ Милица Ѓурѓевиќ изјави дека нивните членови се собрале да запалат свеќа и да искажат солидарност со македонските граѓани по страшната трагедија што се случи во Куманово во која загинаа осум полицајци.

– Во знак на солидарност со срашната трагедија во Куманово, се собравме пред Амбасадата на Македонија да запалиме свеќи за осумината загинати полицајци во терористичкиот напад. Врачивме и писмо со поддршка во кое посебно истакнавме дека на српскиот народ вакви сценарија му се познати. Уверени сме дека зад нападот во Куманово, колку и неговите актери да имаат цел создавање на Голема Албанија, всушност стои намерата да се дестабилизира Македонија и да се оневозможи реализацијата на Турски тек и понатамошен напредок во соработката со Русија – вели Ѓурѓевиќ.