Свекор веднаш по свадбата ја убил снаата и нејзините родители

пушка

Нешто по 10 часот во местото Мартонош, Србија дошло до голема трагедија во која животот го загубиле седум лица, пишува српски „Блиц“.

nevesta

До трагедијата дошло поради нарушени семејни односи, еден ден по свадбата. Свекорот Раде Ш. (1960) со ловечка пушка ја убил снаат Наталија (1990) и нејзините родители Шандор (1963) и Каролина Бајтаи (1972). Покрај нив настрадале уште три лица, а убиецот по крвавиот поход во домот на неговите сватови се самоубил.

ubiecc

Како што пишува српски „Блиц“, свекорот се противел на бракот на неговиот син со Наталија, поради што се скарал со неговата сопруга, која ја убил заедно со нејзините родители.

Раде во текот на вчерашниот ден цело време пиел, а денес отишол во куќата на родителите на невестата. Убиените лица се на возраст од 25 до 74 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.