Колумни

Свекрвата на Шекеринска за едни мајка, за други маќеа

Свекрвата на Шекеринска за едни мајка, за други маќеа

Оргинал холивудски, нема што.

Но, оваа идилична слика и прилика не е некаде таму далеку. Тука е меѓу нас. Во Македонија.

Радмила Шекеринска си се фалеше јавно, преку интервју, за своето лично достигнување во животот. За убавините во кои ужива. Таа во својата планинска дрвена викендичка го пронаоѓала својот мир заедно со сопругот. Си се посветувале еден на друг, го надополнувале пропуштеното во текот на работната недела. Покрај шумовите на каминот, со посебна магија на звукот на огнот.

Лиги да му потечат на секого.

Нешто што најголемиот дел од граѓаните може само да го сонуваат, затоа што политичката партија на која таа и’ припаѓа, и само тоа им го овозможи на граѓаните. Да сонуваат и ништо повеќе. Пардон, и да им течат лиги кога ја читаат како таа е среќна во својата идила.

Типично за нив. Тие да се возат во најубавите автомобили, да шетаат на најлускузните места, да уживаат во највредните работи. Да бидат привилегираните во општеството. А ние, сите останататите? Ах, ние, сироти. Па да ни течат лиги, да воздивнуваме, и секако да им се радуваме и да им се восхитуваме. И потоа да се вратиме во нашиот секојдневен мизерен, беден и сиромашен свет.

Таква беше реалноста на македонските граѓани, под власта на СДСМ.

Е, филмот на Шекеринска беше одличен и идиличен до пред извесно време. Сега работите се сменија. Одеднаш викендичката на Шекеринска повеќе не е нејзина. Одеднаш викендичката е сопственост на нејзината свекрва, жена која целиот свој работен век го поминала како административен работник со просечни месечни примања. Се штедело и се направило. Се’ исчезна како во приказната за Пепелашка. Дојде полноќ и магијата ја снема.

А, работите се сменија бидејќи Шекеринска повеќе не треба да е фенси. Бидејќи не ја пријавила луксузната викенд куќа во Маврово во својот анкетен лист.

Сега нејзината свекрва одеднаш и’ стана мајка. Неа мајка, а на останатите членови од семејството маќеа. Свекрвината лускузна викендичка во Маврово, таа и нејзиниот сопруг, само ја користеле по потреба. Сигурно си барале и дозвола за тоа од жената. Верувам дека барале. Кога ти треба нешто туѓо, фино и културно замолуваш да се услужиш. Ама за другите членови од семејството, не. За нив свекрвата одеднаш стана маќеа.

Дали сега треба да и’ веруваме на зборовите на Рада Шекеринска? Дали оваа приказна што ни ја сервира е вистината? Или, пак, треба да веруваме во нејзиното интервју, дадено претходно, пред нештата да се сменат?

Е тоа е Радмила Шекеринска. Трчи-лажи. Или по скопски: „лаж, превара и интрига“.

Уште потрагично, пак, е тоа што таа како политичар претендира да дојде на власт во Македонија. Држава да води.
Ееееј, а со такво лажење, каде само би ја одвела?

Страв ми е да помислам.