ФОТО: Спречен шверц на 3.500 аквариумски риби и 600 желки

Шверц на аквариумски риби, желки и храна за истите, во два наврати спречиле царинските службеници. Во првиот случај, мобилните царински тимови во возило со македонски регистарски ознаки пронашле и привремено задржале 3.300 парчиња аквариумски риби, 600 парчиња желки, 200 парчиња растенија за аквариум и 10 килограми храна за желки.

При контрола на патничко моторно возило Мерцедес со скопски регистарски ознаки, кое претходно влегло во државата од Бугарија преку граничниот премин Ново Село, извршена околу 18:00 на влез во Скопје, во багажниот простор, зад возачкото и пред совозачкото седиште пронајдени се 3.300 аквариумски риби (2.000 рипка (неонка), 100 риби чистач, 350 риби караси, 150 риби велифери, 200 риби циклиди и 500 риби бојник), 600 мали желки и 10 килограми храна за желки.

ribi-1

Поради специфичноста, рибите и желките веднаш биле предадени во Зоолошката градина во Скопје, а против пријавеното лице е поведена прекршочна постапка.

ribi-2

Во вториот случај, нешто пред 19:00 часот на граничниот премин Свети Наум на излез од Република Македонија се пријавиле двајца албански граѓани со патничко моторно возило со албански регистарски таблици. На прашање на царинскиот службеник дали има нешто да пријават за царинска контрола, патниците одговориле негативно. Царинскиот службеник се посомневал во изјавата на патниците и извршил детална контрола на возилото, при што во багажниот простор и во делот зад возачкото и совозачкото седиште пронашол 235 аквариумски риби од видовите Скалар, Губи, Чистачи, Циклит, Карас и Ајкула во 13 најлонски ќеси.

Сопатникот во возилото со иницијали Т.Б. (54) изјавил дека тој е сопственик на рибите.

Рибите се привремено задржани и сместени во соодветни услови, а против сторителот Царинската управа покрена соодветна постапка.