Свештеник осуден на 7 години затвор за педофилија во Полска

Осуден на седум години затвор е римокатолички свештеник откако вчера судот во Полска го прогласи за виновен поради сексуално злоставување на малолетни деца.

Суд во Вроцлав му забрани на 44-годишниот свештеник да работи со млади луѓе до крајот на животот и побара за него психолошки третмани. Свештеникот е именуван само како Павел К. во согласност со полските закони за приватност.

Уапсен бил во декември 2012 година во хотел во кој се пријавил со тинејџер, што предизвикало сомневање кај вработените во хотелот во Вроцлав кои го пријавиле. Фотографии од неговите жртви се пронајдени во неговиот компјутер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.