Свештеник педофил се обеси во својата црква

Италијанскиот свештеник кој пред неколку дена призна дека сторил „тешки дела“ над една тинејџерка, се обеси во својата црква пред да дојде бискупот и официјално да го извести за покренување на црковно-судска постапка против него.

Овој 48-годишен свештеник во саботата во текот на разговорот со бискупот признал дека одамна направил грешни дела над 13 годишно девојче и побара писмо со кое ќе замоли прошка од Бога, Црквата и жртвата, пренесува денескa францускиот лист „Фигаро“.

Но кога бискупот вчера дошол во црква на состанок со свештеникот кој во таа прилика требал да биде известен дела е протеран од парохијата, и дека против него ќе биде покрената постапка, го пронашол свештеникот обесен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.