Армијата на Авганистан месечно губи по 4.000 војници

avganistan vojnici armija sad

Армијата на Авганистан секој месец губи по околу 4.000 војници, соопштил американскиот генерал Џон Кемпел, кој е главен командант на Меѓународната мисија на НАТО за поддршка на безбедноста во Авганистан, објавува „Euronews“, пренесува Нетпрес.

– Вооружените сили на Авганистан, месечно, губат по околу 4.000 војници. Многумина би си помислиле дека голем дел од таа загува е поврзана со жртвите во битките и оружените престрелки. Но, тоа не е точно. Најголемата причина е дезертирање – војниците едноставно самоволно си заминуваат, изјавил американскиот генерал.

Меѓу нив има и добар дел кои се обучувани од американски воени инструктори, тврди Кемпел. Една од причините за дезертирање се постојаните вооружени борби.

– Главна причина е тоа што младите војници и полицајци континуирано војуваат две или повеќе години. Се случува во одредени периоди тие и да не добиваат дури и храна, која им следува. Кога војувате постојано, кога имате силна потреба од одмор, немате друг излез освен да си заминете и никогаш повеќе да не се вратите, објаснил главниот команднат на Меѓународната мисија на НАТО за подршка на безбедноста во Авганистан.