Британец осуден на доживотен затвор за планирање напад на концерт на Елтон Џон

Судот во Лондон во понеделникот му изрече казна доживотен затвор за 19-годишен Британец кој планирал да изврши бомбашки напад на концерт на Елтон Џон на петнаесетгодишнината од терористичките напади од 11 септември 2016 година во САД.

Харун Сиед од западен Лондон е прогласен виновен за планирање на терористички напад во периодот од април до септември 2016 година.

Деветнаесетгодишникот планирал да го изведе нападот врз главниот трговската улица Оксфорд Стрит во Лондон и на концертот на Елтон Џон на 11 септември лани во Хајд Парк.

Откриен е додека преку интернет комуницирал со друг екстремист кој им бил познат на британските безбедносни служби. Преку мрежата се обидувал да купи оружје за нападот, а ги користел социјалните медиуми да стапи во врска со приврзаниците на Исламската држава.

Полицијата објави дека барал „специјална бомба исполнета со клинци за да ја активира во фреквентниот центар на Лондон како што е Оксфорд Стрит“.

Во јуни 2016 година, неговиот брат Надир Сиед е осуден на казна доживотен затвор бидејќи планирал да отсече некому глава во ноември 2014 година, имитирајќи го напаѓачот кој му ја отсече главата на војникот Ли Ригби во мај 2013 година во Лондон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.