Британските конзервативци имаат 11 отсто предност пред лабуристите

Конзервативната партијана британската премиерка Тереза Меј е во водство со 11-проценни поени во однос на опозициската Лабуристичка партија, покажа истражувањето на агенцијата ORB спроведено за весникот The Sunday Telegraph, коешто покажува намалување на разликата меѓу двата главни ривала на парламентарните избори во јуни, во споредба со други анкети.

Поддршката за конзервативците изнесувала 42 отсто, а за лабуристите 31 проценти.

Станува збор за втора анкета објавена во ист ден коешто покажува дека лабуристите би освоиле најмалку 30 отсто од гласовите, додека многу од претходните истражувања на јавното мнение покажуваа дека поддршката за лабуристите е закочена на околу 25 отсто.

Наспроти тоа, конзервативците во претходните анкети добиваа меѓу 45 и 50 отсто од поддршката.

Анкетата на ORB на Либералните демократи им дава 10 отсто поддршка, додека на антиевропската Партија за независност на Обединетото Кралство (UKIP) има 8 отсто поддршка.

Засега не се познати подеталните податоци за оваа анкета, во прв ред за нејзиниот обем и попрецизно за тоа каде и во кој период е спроведена.