ЕУ ја повика Албанија да започне со судските реформи

реформи

Реакцијата на ЕУ уследи откако вчера Уставниот суд на Албанија го отфрли барањето на опозицијата за поништување на законот со кој се предвидува проверка на личното и професионалното минато на сите судии и обвинители.

Во соопштението на Мисијата на ЕУ во Тирана се повикуваат албанските власти „итно да започнат со проверка на судиите и обвинителите“.

Реформата на албанскиот судски ситем, која беше изработена со помош на експерти од ЕУ и САД, има за цел да обезбеди политичка незавиност на судиите и обвинителите и да ја искорени корупцијата во правосудството.

ЕУ најави дека сака да види конкретни резултати од рефромата пред да утврди датум за почеток на преговорите за членство на Албанија во Унијата.