Федерика Могерини се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас, а предвидено е да разговара и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави МИА.

Посетата на Могерини е со цел да се добие претстава за намерата на Палестинците и на Израелците во момент кога мировните преговори се на најниско ниво. ЕУ поддржува создавање на палестинска држава и ја осудува колонизцијата на окупираните територии.

– Могерини ќе разговара со Нетанјаху по составувањето на нова Влада, за да види што може да направи за обновување на преговорите. Тоа е само почеток, таа сака да го испита теренот, за да види што можат да напрфават Европејците – посочи неименуван европски претставник.