Германија го потврди загинувањето на двајца свои државјани во нападот во Египет

Германското министерство за надворешни работи го потврди загинувањето на двајца државјани на Германија ви нападот врз туристите во египетското одморалиште Хиргада, соопшти во саботата во Берлин портпаролката на дипломатијата.

„Во моментов имаме потврда за тоа дека во нападот врз туристите во Хургада загинале двајца летувалци од Германија. Во овој тежок момент изразуваме длабоко сочувство со роднините и нивните блиски“, се наведува во изјавата на германското министерство за надворешни работи.

Портпаролката на министерството додала дека германските власти се во постојан контакт со владата на Египет и ги добиваат сите потребни информации.

Во петокот во египетското одморалиште Хургада, во еден од локалните хотели напаѓач вооружен со нож избодел странски гости. Во нападот се убиени двајца државјанки на Германија, две државјанки на Ерменија, жена од Чешка и Русинка.

Египетското министерство за внатрешни работи соопшти дека прелиминарната истрага покажала дека напаѓачот допливал од блиската јавна плажа за да дојде до одморалиштето во Хургада, на околу 400 километри јужно од главниот град Каиро.