Германија забранува ГМО житарки

гмо

Во септември оваа година Кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел најави дека ќе забрани одлгедување на ГМО житарки согласно новите правила на Европската Унија, која им дозволи на своите членки да го забранат овој вид на храна.

Според европската легислатива, усвоена лани, земјите-членки имаат право да дозволат одлгедување на ГМО житарки, но во исто време дава простор земјите да воведат забрана за генетски мидифицирана храна. Според истражувањата на ЕУ, ГМО храната не е штетна за конзумирање од страна на луѓето и животните.