Индија трупа војска на границата со Кина

Индија го засили своето воено присуство по должината на границата со Кина, на својот североисток, во периодот кога граничниот спор на стратешки важната Хималајска висорамнина ја зголемува тензијата меѓу двете земји, изјави во петокот индиски функционер, пренeсува AFP.

„Зголемен е бројот на војниците по должината на границата со Кина, во секторите на (сојузните индиски држави) Сикима и Аруначала“, изјавил претставник на индиската влада за државната агенција PTI.

Зголемено е и нивото на приправност на војската, рекол неименуваниот владин функционер.

Меѓутоа, според истиот извор, Индија не го зголемила бројот на војниците на тромеѓето со Кина и со Бутан, каде што околу 350 индиски и кинески војници речиси седум месеци заземаат позиции во тензична атмосфера.

Граничниот спор меѓу двете најнаселени земји на планетата избувна во јуни годинава кога Индија во оваа стратешка област, на којашто право полагаат и Кина и Бутан, испрати војска за да ги спречи кинеските војници во градењето планински пат.

Напнатоста се зголеми кога Индија, која е сојузничка на Бутан, ги распореди своите вооружени сили, на што Кина возврати со зголемување на своите војници во истата област која ја смета за своја и бара повлекување на индиските единици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.