Индонезиската полиција сé уште трага по 200 избегани затвореници

Полицијата во индонезиската покраина Риау, на островот Суматра, и натаму е во потрага по 200 затвореници два дена по масовното бегство од пренатрупаниот затвор Сиаланг Бунгкук, пренесува локалниот интернет портал Antara во неделата.

Според полицискиот портпарол, досега се приведени најмалку 242 избегани затвореници.

Министерот за правосудство и човекови права, Јасуна Лаолу, во текот на посетата на затворот од кој побегнале 448 осуденици, изјавил дека станува збор за најголемото бегство досега. Апелираше до „сите коишто се во бегство, подобро ви е да се предадете, пред да ве фати полицијата“.

Затворениците се жалеле на условите за престојот во казнената институција, бидејќи затворот бил пренатрупан. Во него, според медиумите, биле сместени пет пати повеќе осуденици отколку што бил предвидениот капаците.