Ирак најави нова фаза од операцијата за ослободување на Мосул од ИД

мосул

Во соопштението се посочува дека припадници на ирачките специјлани сили, на редовната арнија и на полицијата, поддржани од воздушните напади на силите на антиџихадистичката коалиција предводена од САД, почнале да напредуваат кон пет населби на Мосул.

Офанзивата на ирачките сили и нејзините сојзуници за потиснување на ИД од Мосул започна на 17 октомври, но напредувањето одеше со побавно темпо од планираното поради лошите временски услови и силниот отпор на џихадистите, кои притоа користат и цивили како жив штит од нападите.

Како што јави ТАСС, во операцијата, покрај припадници на ирачката армија и полиција, се вклучени и борци на неколку шиитски паравоени формации и на силите на ирачките Курди – пешмерга.

Во текот на целата операција тие имаат воздушна поддршка од авионите на антиџихадистичката колаиција, кои ги бомбардираат позициите на борците на ИД во Мосул и неговата околина.