Иран претстави нов балистички проектил

© AFP 2017 / Stringer

Иран ја претставил новата балистичка ракета со дострел од две илјади километри, дизајнирана да понесе неколку боеви глави, пренесуваат иранските медиуми повикувајќи се на бригадниот генерал Амир Али Хаџизадех.

Ракетата наречена „Корамшар“ (Khorramshahr) била претставена во текот на воената парада во иранската престолнина Техеран, на којашто присуствуваше покрај највисоките воени офицери и претседателот Хасан Роухани, пренесуваат агенцијата Tasnim и телевизијата на англиски јазик Press TV.

Претходно во петокот Роухани изјави дека неговата земја ќе ги зајакне воените и балистичи капацитети и покрај критиките од страна на САД и Франција, на собирот со кој се одбележуваше годишнината од Ирачко-иранската војна од 1980-те години.

„Го сакате тоа вие или не, ќе ги зајакнеме нашите воени капацитети, неопходни за одвраќање. Не само што ќе ги развиеме нашите ракети, туку и нашите воздушни, копнени и поморски сили. За одбрана на нашата татковина нема да бараме дозвола од никој“, изјави Роухани во говорот директно пренесуван на државната телевизија.

Шиитски Иран разви обемна балистичка програма последните години што ги загрижува САД но и неговиот сунитски регионален ривал Саудиска Арабија, како и отворено непријателскиот Израел, како и некои европски, исто така, американски сојузници како Франција.

На Генералното собрание на ОН, американскиот претседател Доналд Трамп го осуди нуклеарниот договор кој во 2016 година го склучија шесте светски земји меѓу кои и САД, со Техеран, како и неговата балистичка програма.

Иран кој тврди дека неговата нулеарна програма има исклучиво цивилни цели, за добивање енергија и во медицински цели, исто така, тврди дека ракетната програма има исклучиво дефанзивен карактер. „Нашата воена сила не е замислена за напад врз други земји“, порача во петокот претседателот Роухани.