Јапонија ја одбележа 72-годишнината од атомската бомба врз Нагасаки (ВИДЕО)

Јапонија во средата ја одбележува 72-годишнината од фрлањето на американската атомска бомба врз југозападниот град Нагасаки, во атмосфера кога оваа земја се чувстува силно загрозена од нуклеарните закани на Северна Кореја.

Илјадници учесници на комеморативната свеченост точно во 11,02 часот по локално време, во вистинското време на ударот, со минута молчење се потсетија на жртвите од атомската бомба фрлена врз Нагасаки на 9 август 1945 година.

Меѓу учесниците на комеморацијата беа и јапонскиот премиер Шинзо Абе, градоначалникот на Нагасаки, Томихиса Тауе и преживеаните во овој катстрофален удар. Тауе го поздрави носењето на меѓународниот договор за забран на нуклеарното оружје кои го потпишаа 122 членки на Обединетите нации оваа година, но и ја критикуваше владата на Абе поради тоа што, заедно со САД, не ја потпиша спогодба.

„Како единствена земја во светот којашто во воено време претрпела атомско бомбардирање, барам од јапонската влада повторно да ја разгледа политиката за потпирањето на нуклеарниот чадор и да му се приклучи на договорот за забрна на нуклеарното оружје што е можно поскоро“, изјави Тауе на комеморацијата.

Три дена откако Јапонија со бомбардирањето на градот Хирошима пред 72 години стана првата и засега единствена жртва на нуклеарен напад, а САД, исто така, првата и досега единствената земја којашто го употребила ова застрашувачки разорно оружје, и вториот јапонски град на 9 август го одбележува своето срамнување до темели во кое загинале 74.000 луѓе.

На 9 август 1945 година, во 11,02 часот во експлозијата на атомската бомба фрлена врз Нагасаки уништени биле 80 отсто од зградите, меѓу коишто и познатата во светот катедрала Ураками. Во неделата, во исто време, во 4,02 часот по средноевропско време, жителите со едноминутно молчење им одадоа почест на жртвите и се огласија ѕвоната по целиот град кој е познат по големата христијанска заедница.

Американскиот бомбардер „Б-92“ ја фрли „Енола геј“ на 6 август 1945 година, бомбата којашто Хирошима ја претвори во нуклеарен пекол и отвори нова страница во заканите од војните. Пред 72 години загинаа 140 илјади жители на Хирошима којашто тогаш имала 300 илјади жители, како од самата експлозија, така и од последиците на радијацијата со месеци и години подоцна.

По Хирошима, на 9 август САД ја фрлија и втората атомска бомба „Дебелко“ врз Нагасаки, каде загинаа повеќе од 70 илјади луѓе. Таа бомба требало да биде фрлена врз Кукору, северно од Нагасаки, но поради неповолните метеоролошки услови американскиот бомбардер морал да ја промени целта. Тие напади ја забрзаа капитулацијата на Јапонија и вистинскиот крај на Втората светска војна на 15 август 1945 година.

Поради радијацијата и тешките заболувања кои се развиле како последица на тоа, бројот на жртвите од двете атомски бомби до август 2014 година достигна бројка од 450.000, од кои 292.325 жртви од Хирошима и 165.409 од Нагасаки.

Бомбата наречена „Малото момче“ е резултат на повеќегодишниот напор во рамките на американскиот проект „Менхетн“ со цел да се произведе нуклеарно оружје. Армијата на САД ги собрала најистакнатите американски и дотогаш нацистички германски физичари и математичари за да го забрзаат производство на атомско оружје. Првпат во историјата, по наредба на тогашниот американски претседател Хари Труман, нуклеарното оружје е употребено во војна.

И на крајот, по игра на судбината, последниот член на екипажот од „Енола геј“, Теодор ван Кирк, кој почина на 93-годишна возраст беше погребан токму на 5-ти август 2014 година.