Кина: САД внимателно да дејствуваат во однос на Јужното Кинеско Море

кина

Ова го изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Кина, Хуа Чунјинг на прес-конференција во Пекинг, откако администрацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп вчера вети дека САД ќе ја спречат Кина да преземе територија во меѓународните  води во Јужното Кинеско Море.

Сметам дека САД таму ќе обезбедат заштита на нашите национални интереси. Доколку тие острови се навистина во меѓународните води и не се дел од Кина, тогаш одговорот е потврден. Ние сигурно ќе ги браниме меѓународните територии доколку сака да ги преземе некоја земја, изјави вчера портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.