Кина забрани извоз на нафтени производи во Северна Кореја

Кина во саботата објави дека ќе го забрани извозот на некои нафтени производи во Северна Кореја, како и увоз на текстилни стоки од оваа изолирана земја чијшто единствен сојузник е токму Пекинг, во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност при Обединетите нации донесен по неодамнешниот шести и досега најмоќен нуклеарен тест од страна на Пјонгјанг.

Ваквата најава од Пекинг пристигнува кон крајот на седмицата во којашто пораснаа тензиите меѓу САД и Северна Кореја во којашто челниците на двете земји изменија меѓусебни навреди.

Кинеското министерство за трговија на својата интернет страница објави дека Кина ќе го ограничи извозот на рафинирани нафтени производи од 1-ви октомври и веднаш ќе го забрани извозот на кондензиран и течен природен гас за да ги исполни санкциите од ОН.

Увозот на текстилни стоки од Северна Кореја, исто така, ќе биде забранет веднаш, се наведува во соопштението на министерството.

Договорите за текстилните стоки потпишани пред 11-ти септември ќе бидат почитувани, доколку ги исполнат увозни формалности пред полноќ на 10-ти декември, се додава.

Овие мерки се донесени откако Советот за безбедност едногласно одлучи да ѝ наметне на Северна Кореја уште еден круг санкции, меѓу кои на удар се и исплатите на севернокорејските работниците во странство, поради серијата балистички и нуклеарни тестови од кои последните се случи на 3-ти септември.