Курдите почнаа да гласаат на рефереднумот за независност

Ирачките Курди почнаа во понеделникот да гласаат за својата независност на историскиот референдум кој би требало да отвори пат кон создавање држава за којашто се борат со векови.

Гласањето коешто го иницираше курдскиот претседател Масуд Барзани се одржува во автономниот регион Курдистан, на северот од Ирак, кој ги опфаќа покраините околу градовите Ербил, Сулејманија и Дохук, но и во зоните во коишто за превласт се борат Курдите и централната ирачка влада во Багдад.

Референдумот, меѓутоа, претставува ризичен потег, бидејќи ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади јасно даде до знаење дека ќе преземе „мерки неопходни“ за зачувување на единството на земјата.

Соседните земји, како Турција и Иран во прв ред, се загрижени дека тамошните курдски малцинства ќе го следат овој пример, како и Курдите во Сирија, и се заканија со соодветни мерки.

Гласачките канцеларии би требало да останат отворени до 17 чаот по локално време за да може 5.375.000 запишани гласачи да може да се изјаснат. Според курдската новинска агенција Rudav, Масуд Барзани насмеан и во традиционална облека гласал рано утрото. Вкупно се отворени 12.072 гласачки места во автономниот регион Курдистан, како и во зоните од Ирак за кои Курдите сметаат дека им припаѓаат.